во (предл.) - налет (имн.)

Серијата почна сјајно. Војната музика од улицата надоаѓаше во налети и трескаше во тишината на операционата сала.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше во налет на младоста, па работата во фабриката, како металоглодач и работата на земјата, не му паѓаа тешко. Многу малку време поминуваше дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денес во СССР ги затвораат атеистичките музеи во налетите на ревизионизмот на Хрушчов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сосема друг тип на реакција имате во случајот на Ван Гог, кој во налетот на глупост посегнува по чинот на суицид.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но не падна тој, туку јас, со старата за’рѓавена пила во рацете, која, за среќа, не успеа во налет да ме изделка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа спиеше во налети како во бура, паѓајќи во плиток сон, од кој болката ја разбудуваше со своето упорно барање да биде будна, за да учествува и таа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во налети доаѓаше од северната страна, удираше во кувертите, во вреќите, во хартиите што му беа ставени како препрека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пролетта 1985 година, кога Израел ќе ги бомбардира позициите на ПЛО во Тунис и седиштето на Арафат, Хабиб Бургиба, во налет на бес ќе побара прекин на дипломатските односи со САД, макар што крај својата работна маса ја држеше сликата на американскиот претседател Роналд Реган.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не ги заборавивме блиските и срдечни Себастијанови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)