во (предл.) - насмевка (имн.)

Мириси ја обвиваат душата израсната во насмевка.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Устите и беа тенки но долги, па од таа причина кога ќе ги простреше во насмевка, ги притискаше образите од двете страни, за да задолжително и се создадат тие две симпатични вертикални линии- одлево и оддесно на лицето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Good morning, Americaa! - вика со сиот глас, со лице исклештено во насмевка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наместо загрижено да ги подигаат веѓите во облик на буквата V, тие го растегнуваат лицето во насмевка. И притоа велат: страшно, страшно...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само првиот потег – разиграно дете што мудроста ја претопи во насмевка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Чувствуваше: натечените, крвави усни уште понесопирливо се тегнеа во насмевка, зашто мислеше, ова е крај. Марија број два, зошто липаш?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ќе пукаш ли?“ праша: гласот веќе не му беше ни мек ни длабок. „Можеш ли да убиеш?“ Таа стоеше безгласна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше блед и не можеше да ги развлече полните усни во насмевка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И висок и калеш, само во насмевката се делеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„А јас не сум шугава“, и викнала мајка ми. „Фрлаш жарчиња а од пламенот бегаш!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пена на Танаско, чиниш целата развлечена во насмевка, не ги потргнуваше очите од Пелагија. Ѝ се виде разубавена како китка и со некоја чудесна, волшебна светлина под разретчениот јаглен на кожата од лицето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
САЗДО: (Задоволно ја развлекува устата во насмевка.) Така, е шефе. ***
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Нервозно и скинато расправав и забележувајќи млака иронија во насмевките на пријателите, се каев и ја колнев во себе својата неуверливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа тој го развлекува дамкавото лице во насмевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од многу негови причини, до кои не бев во можност да допрам, фацата на мојот брат беше расцветана во насмевка, а неговото лице растеше над сите граници на надмоќта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нежни во ставата, во насмевката, во говорот, а толку цврсти во своите намери, во уверувањата, во постапките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)