во (предл.) - натпревар (имн.)

Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Според тоа, западната култура едноставно „победила” во натпреварот со другите, а нему (на Гелнер) таа му била најразбирлива (и „најдобра”) поради простиот факт што неа најдобро ја познава.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Докажувајќи се еден пред друг во натпреварот со знаење на финти, при тоа се чудеа на реакциите на возрасните, се потсмеваа на нивната немоќ во обидот да излезат на крај, да се справат со поставеноста на системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Трката со возот е натпревар на човекот и машината - а сепак луѓето во натпреварот се потпомогнати од машина - велосипед.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога себичноста на едниот влегува во натпревар со себичноста на другиот, ти не можеш да очекуваш ништо полезно и убаво за сите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со време, во Маказар, на нашата фамилија Поцо и на онаа Кочовата, почна да се гледа како да се во натпревар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, во што е поентата? Во натпревар.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А одговорните за изградбата, бидејќи немале храброст лично да реагираат и да ми укажат на тешкотиите со кои се соочени, го пуштија сонот да ме извести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност се впуштивме во натпревар меѓу себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И навечер заспива како претепан, зашто, мајко моја! – цел еден ден поминал во натпревари!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Така зборуваше брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Белки тоа беше аплауз за ластовиците што при преселбите на југ, во натпревар со невремето, ја надлетале ледената напаст Долу над Подлог млад осамен облак трчаше да го престигне веселото друштво упатено од порано кон Плачковица.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нивниот хабитус е електронската сфера, околина од дигитални сигнали наречена инфо-свет. Глобално село.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу млади луѓе во либерализираните земји сакаат да се деполитизираат, демитализираат, децентрализираат, секуларизираат и глобализираат...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правото да се расфрлаат со своите лажги, сплетки, измислени вистини, во натпреварот со официјалните лаги...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)