во (предл.) - најлон (имн.)

Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- За некои фашисти во најлон чорапи...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ех, ништо, му велам јас, ништо не можеш да донесеш ни на раце, во најлонче, а камоли со трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И покрај вртоглавото паѓање, таа се наближува неможно бавно, натокмено романтично-курвински: полни усни намачкани темно црвен, сетилно нагласени дојки, а под мноштвото карнери, полуоткриените нозе во најлон чорапи со црн шав.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)