во (предл.) - невола (имн.)

Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го прекинам ли овој неизвесен пат, светот ќе е посиромашен за едно кажување.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сеедно, во Шумшул –град ме сметаа за пратеник на правдината и јас бев принуден да им помагам на оние што беа во невола.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И кога сум била во невола до гуша.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се радував, а истовремено бев тажна и се прашував дали ќе биде се во ред?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Самата таа никогаш не спомна дека посакува да стане мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш ќе дојдеше, ќе ја извадеше банкнотата од џеб, ќе ја измазнеше со движење кое покажуваше љубов и страдање истовремено, и ќе речеше: „Беше толку љубезен и ми помогна кога бев во невола, еве ти ги овие пет марки!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)