во (предл.) - невреме (имн.)

19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Стој, кај одиш ти овдека во невреме? — го задржа и го поттурна назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само да не сум дошол во невреме?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Никогаш ти во невреме не доаѓаш – на тоа му рече дедо ми. – Туку кажи што сакаш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не е тешко да се претпостави дека една таква динамитна акција каква што била солунската, извршена во невреме, на пример во Битола, можела да има потешки последици за Организацијата, за нејзините подготовки за престојното востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука во невреме или ноќе си ги врзуваа коњите, а се засолнуваа и тие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој брзо исече едно парче платно од шаторот што беше повеќе искинат во невремето, пронајде две убави, еднакво цврсти ластегарки, па од платното и од нив направи носилка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш заминуваше и секогаш се враќаше пак празен, или врзан, секогаш во невреме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време неколцина поугледни Турци предводени од стар и достоинствен оџа, заборавајќи ја судбината на поетот и заштитникот на рајата Селџик-бег, се обиделе да го посоветуваат стемнетиот Али-бег да им ја остави воденицата на несреќниците; за жал во невреме: го нашле со страшни бели дамки по лицето и по рацете и со повремени брзи удари на невидлив нож во желудникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои се побуниле; повеќето од половината нови светци биле во животот повисоки од тој Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тек било изведувањето на некоја многу важна реорганизација или реконструкција а во времето на вакви зафати луѓето биле зафатени со сложени проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден сериозен службеник, кој за жал се чинеше малку не здрав, ме уверуваше дека сум дојдена во невреме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе спомнам недоразбирањата колку учат Од средбите на постојното со илузорното Кога предметите еден до друг притрчуваат За да го одречат или потврдат спорното Овде нема роднини а сите блиски Отскитаа во посветли простори Во одаите прозорците се ниски Потсетуваат на натрапници а не на гости Така е и со ветрот во градината Наминат во невреме, самиот како што вели, Ламбата е згасната, па сепак виделината Заборавена зрачи од ѕидовите бели.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Животот го преминува превалецот на времето во невреме, во икиндија време, во снежно време, во време што никој не можел да го одреди ……..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Утрото го најавуваше раѓањето на новиот ден, сончев, без дождови, додека ноќта неуморно се бори во невреме СО КОПНЕЖ, КОПНЕЖ ЗА МИНАТОТО...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега, тие исти соседи, на кои им беше најпотребна во невремето, ја молеа да појде со синот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледаше во невреме да не се најде в поле или в планина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)