во (предл.) - негатив (имн.)

И повторно, како нова измама или како исечок на сеопштите заблуди на светото и самиот кошмарен во многувековниот кошмар, од онаа страна на моите очи се одрази во негатив мракот, сега по боја мошне необичен, како да е згуснат од илјадници розови фламинга, слични на многуте јата видени на кенијските езера Накура или Најваса.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги споредува двете слики и гледа како времето и животот во интервалот од триесетина години што ги делат сликите, го сториле своето: косата обелена, веѓите обелени, мустаќите обелени; целиот обелен како да е фотографиран во негатив; само очите црни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му пушти плашливо рака и му се загледа во лицето што му изгледаше необично, чудно: кожата црна, а веѓите и брадата бели - како слика во негатив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)