во (предл.) - недоглед (имн.)

Крај реката Црна растеа трепетливи врби, јасики и евли.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пространата, долга рамнина на Пелагонија, се простираше во недоглед.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сè е рамно, како што е и сета земја рамна, и се губи во недоглед, во една рамничарска панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПАРИСКАТА опсерваторија е извишена на едно рамно плато, на врвовите на париската рамна,на самите зафати на прочуената Медонска шума, која одовде, се чини, се протега во недоглед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, можеби, тој е единствениот град во Германија (седиште на покраинита) во кој среде град, покрај асфалтираните улици, се шират во недоглед многу лозја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ „Александер плац“ минува најшироката и најдолга „Карл Марксова“ алеја, што се протега во недоглед, со огромни згради и од која се делат многу булевари и пространи улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зборовите “moustiques domistiques demi-stock”, за прв пат се појавуваат во недоглед испишани од задната страна на жетонот од една мала коцкарница во Монте Карло; шемата ја дизајнираа Дишан и Мен Реј, на 1 ноември 1924 година. DES MOUSTIQUES DOMESTIQUES (DEMI-STOCK) е алитерација повторно заснована на формулата 3х3, или три пати по три слогови. LA CURE D’AYOTE i LA COTE D’AYUR се две групи од по три слога, чии звуци се поклопуваат. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE, A COUPS TROP TIRES. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE наједноставно може да се преведе како: инцест или семејна страст. Passions е прво лице множина, несвршено време од глаголот passer, преминување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кон Сушево, поле изгорено без корен дрвце, без скоравено стебленце. Во недоглед.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во рамките на предлогот за легализација се предлага и оданочување на продажбата на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А ние сме, во и со јазикот, отворени од зборовите, затворени во зборовите, отворени кон другиот (низ комуникација), затворени кон другиот (со лага, грешка), отворени кон идеите, затворени во нив, отворени кон светот, затворени кон светот! И така во недоглед!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вдлабен во една книга тој ја оставаше да ја чита подоцна, но набргу ја забораваше, и така во недоглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лежат во недоглед и потаму, не ќе сокријам дека сонувам долго и црно , во црното светлост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Погледни се во огледалата низ кои продолжуваш во недоглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти си расфрлан на сите страни. Враќање назад нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Жителите на овие региони, сведени помалку или повеќе отворено на робови, постојано преминуваат од еден освојувач под друг, и се трошат исто како јагленот и нафтата во трката за производство на повеќе оружје, за да се заземат повеќе територии, за да се контролира повеќе работна сила, за таа да произведува повеќе оружје, со кое ќе се заземат повеќе територии и сѐ така во недоглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човек имаше чувство дека таа би била совршено задоволна кога тоа јунско попладне би се отегнало во недоглед и кога количеството пелени би било неисцрпно, за да остане во дворот илјада години, закачувајќи пелени и пеејќи бесмислици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ќе одеше во недоглед, ако не пресечеше мајка им: - Си личи и на едниот и на другиот - се замеша таа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ветрушката пиштеше, се вртеше в круг, бегаше пред црно-белата двојка. Зад птиците во недоглед пловеше небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не прави ништо друго освен што се вселува полигамично, соблазнително, на повеќе места одеднаш, во недоглед палимпсест е, сеќавање по блуд и по жедба, чудење и изневера.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мажот е желен, жената пожелна и така во недоглед возбудата на раскажувањето живнува јазикот е топол како крв ласцивен кога бликнува опсцен кога засирува јагула-јазик совршен и кога е разголен без кошула без лушпа како од матка изведен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сладолед во недоглед На Зоран Тортевски-Тосе Ене ја улицата, свиочи и правули, потскокнува и клекнува додека сонцето ја водени и ја суши во очи!
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Н луташе со погледот во недоглед. Насекаде гледаше жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога погледнав, пред мене во недоглед се протегаше долина со густа шума, па во далечина едно ритче пошумено, само две–три куќи од селото се гледаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И почнав, од дрво до дрво, дојдов до меѓата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И така, и сè така си врвеа средите, доаѓаа нови, и тие заминуваа, па пак други среди по нив, сè така во недоглед.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми кон крајот на април ги почна вообичаените подготовки за своето патување во Кан, каде што на филмскиот фестивал службено одеше веќе осум години по ред.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)