во (предл.) - недоумение (имн.)

Гајдата запре и ораџиите ги пуштија рацете, та застанаа во недоумение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јасно, јасно ми е се, — рече тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна буриите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, пашата не ги остави долго во недоумение преспанци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Камчето... - во недоумение присторе Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман остана на своето додека најпосле Французинот, кревајќи ги рамениците во недоумение, не ја откачи матарката и му ја врати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И одам понатаму. Брзам кон својот гроб во недоумение: што се случи? Кој кого?
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се најде во недоумение кога пронајде нов Едо Бранов. Во Охрид.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот во недоумение, додека Рики правеше сос за макароните што ги имаа за ручек, почна да го чита текстот повеќе од учтивост кон пријателката одошто да очекуваше да биде заинтересиран од тоа што веќе го читаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ќе ја пуштиш, таа одлетува и веројатно изгубениот прав го обновува, но лизгавиот прав што ти останува на прстите те прави да се чувствуваш како без вина виновен и во недоумение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште во недоумение, тој ја стави слушалката на уво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ефектот беше страшен: сите се прашуваа во недоумение чија ли е таа работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За миг како да беше во недоумение, но брзо скокна од неговиот скут на паркетот и заигра како да го предизвикува господинот Гроздановски поскоро да тргне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" Лежам јас така во мракот со затворени очи и го замислувам братучедот Германа како во недоумение стои пред портата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)