во (предл.) - недоумица (имн.)

Тепачка во ушите. Сите оние за коишто музика не се само звуци и нивната уреденост или неуреденост, а тие се ретки, беа во недоумица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сето друго им беше туѓо, збунувачко, непријатно, непознато. Без оглед дали им се допаѓа или не.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По концертот, еден од позначајните словенски критичари на сериозна музика заклучи дека првпат по Шенберг кој 1930 г. во Виена со својот концерт на атонална музика, за она време потполно необична и чудна, предизвика тепачка во салата, некому му успеало да го постигне речиси истото. Што поточно? Маргина 37 189
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој стана и, како во недоумица, тргна кон вратата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бидејќи го растурив Ритон, ќе те оставам сосема сам, во недоумица. (Браво сето преостанато време ќе гледа кон отворената врата во која влегоа Жан и Боб)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Плодовите му се сторија слатки а не кисели, па седеше под нив и ги зобаше како зајак во недоумица на крстосница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така станаа од масата - Миха недојаден, таткото незадоволен, а мајката во недоумица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Што бара, пак, овој?“, се прашуваше Горда во недоумица дали да му отвори или не.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге и Кате дискретно се погледнаа, во недоумица дали да се насмеат или да се воздржат, па си ги воздржаа погледите пред себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа првин го гледаше исплашено, потоа смирено, за, на крајот,да биде во недоумица.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Х.Х. остана во недоумица: да остане во крчмата или да оди по нови инструкции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. е во недоумица. Ја погледнува првин строго, а потоа со израз на рамнодушност, божем не ја слушнал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Човекот не се сврте кон него, само ги крена рамениците во недоумица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САВЕТКА: (во недоумица). Ууу!... брату, што зборуваш? (го потурнува) Помести се од местото!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Овој ненадеен гест го изненади противникот кој, во недоумица, подзастана.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Шефот беше во недоумица дали жената е во толкава криза за да не ја пушти во авионот и индиректно се обиде тоа да го разбере од Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И затоа селаните често беа во недоумица: машко ли е или женско?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во просторијата се појави Иле Маленко – Брзакот, онаков каков што сите го знаеја, но сега со рацете на грбот, во лисици, со изразито набрано чело и оѕверен поглед; подзастана, брзо подпогледна в лево и в десно и, бидејќи во недоумица, не се помрдна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наближувајќи кон неа навистина бев во недоумица дали да изигрувам навреденост поради начинот на кој дознав за смртта на пријателот, во она да го наречам кратко и сосема службено искажување, или да настапам итерпејовски: не виденото не е ни дослушнато, значи не е ни разбрано!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Фасцинира, притоа, инвентивноста на авторот и решенијата пронајдени во неговата творечка лабораторија, особено онаа специфична комбинаторичка игра меѓу стварното и имагинарното, меѓу животот и литературата/културата, така што читателот е просто во недоумица: „Каде завршува светот на реалноста и започнува светот на иреалното?“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Несомнена е авторовата потреба за патување (во смисла на животен еликсир), неговиот копнеж по дијалог со светот, со другиот (М.Бахтин), соочувањето со културната Другост, притоа, како по правило, повторно ја имплицира временската димензија, овој пат на културно- политичко рамниште.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гледајќи ги, затресе во недоумица со главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)