во (предл.) - незгода (имн.)

Шумарот се најде во незгода. И не помисли дека старецот Димо не ќе го разбере најдобро.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се рабира, немаше толку да ѝ попуштам, да не се наоѓав во незгода.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас се најдов во незгода. Да сакав телевизор, не сакав, а еве Симон со тракторот дури в град.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)