во (предл.) - немир (имн.)

За него историјата на цивилизациите се остваруваше низ возвишувања и падови, во спокојни периоди и ненадејни катаклизми, во немири и во ненадејни пројави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека се враќав дома во немирот на враќањето од враќањето, длабоко во тишината на мојата душа биеја заробените звуци на скадарските катедрали во Атеистичкиот музеј, на придушените молитви на несреќните верници во земјата на тројното верување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чувството дека има нешто друго што тој не го доживеал, го држеше во немир.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе се врати, се напрегнува, зошто би го држеле и натаму кога соработува, а признанијата не го теретат ама баш за ништо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патокази в немир демнат грст сенки во таен кас, зрачнокрили едра ѕемнат вон кошмарот дух кој руди зли сили на пресврт час.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Безмилосен врски чисти збир утврден, сосем стар; развратниот кине мистик со отровен вознес- жар. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 141
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кат растроен лаци блудни растура во кобен вјас, неумитен граба узди великиот демон- спас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)