во (предл.) - неред (имн.)

Стојанов okno.mk | Margina #17-18 [1995] 51 52 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА СЦЕНА okno.mk | Margina #17-18 [1995] 53 БУДЕ „Во што да се мисли“ или курс по филозофија 54 Margina #17-18 [1995] | okno.mk okno.mk | Margina #17-18 [1995] 5556 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 5758 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 59 КОЛАж 60 Margina #17-18 [1995] | okno.mk okno.mk | Margina #17-18 [1995] 6162 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 63 ЧЕКАЊЕ Илустрација: Ösorojo На креветот во неред лежеа нејзините фотографии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во 1985 година Дерида аналитички покажа дека со зголемување на заемодејството меѓу поврзаните елементи системот може да мине низ фазен премин од ред во неред.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не оти беше во неред или имаше потреба да се среди, туку очајнички се обидував да почувствувам малку душа, миг на живот во нејзините предмети, облеката, постелнината, албумите и книгите што ѝ беа особено верен придружник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Покрај него лежеа расфрлени во неред четките и боите, безживотни и тажни, како искршено, немоќно оружје на војник постанат во бојот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Запираше најчесто пред киклопските ѕидови, кои потекнуваа од XI век, од времето на владеењето на моќното византиско царство Комнен, посебно пред надворешниот одбранбен ѕид: киклопските блокови камен, некогашни врвови на други империи, овде во неред, со измешани азбуки, да сведочат за неумоливиот марш на времињата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Навалија во мансардата. Таа ја тресна вратата, ја заклучи, потоа го извлече клучот и го фрли во нередот, во едниот од аглите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По него кинисаа сејмените во неред, натпреварувајќи се кој поблиску до Суља да оди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)