во (предл.) - нужник (имн.)

Дедо ми таму, во нужникот, ги чуваше!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Војникот само нѐ поттурнува и вика: — Мјафт, мјафт, мшеле гојн!11 Во нужникот нѐ среќава жена: уште само очите и коските се на неа, нема сенка за повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тоа ти е кога нуждиш во нужник, а си ја оставил ринглата од шпоретот вклучена за, потоа од неа да запалиш цигара затоа што немаш кибрит, па така си нуждиш, но на штрек, да не те трефне инфаркт и ринглата да ги запали елементите од кујната, и куќата, богами, изгори.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вечераа луѓето, а потоа цела ноќ ја поминале во нужниците, во ендеците покрај џадето и зад бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)