во (предл.) - обликување (имн.)

Но, сепак, до решавање на ова чувствително прашање ќе дојде во текот на XIX и на XX век, кога со либералните струи во Шпанија, нараснува свеста за комплексниот шпански идентитет рече Татко замислено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Коен ја дефинира глобализацијата како „множество од економски, културни и технолошки процеси кои го намалуваат значењето на територијалните граници во обликувањето на условите на живот на поединците и општествата“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во овој предмет ќе се разгледува пошироката тема за улогата што иницијацијата ја има во обликувањето на геј- идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)