во (предл.) - ограда (имн.)

Неговите кокошки биле пасени во оградите, бидејќи куќата му е на крајот на селото и тие јајца от такви кокошки биле појаки од оние што се од сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И како да не биде појако? Попот собра велики пости пет шестотини јајца од цело село, па дури и од Врпско, каде што по „стручната“ преценка на Крча јајцата се многу појаки од витолишките, бидејќи Врпско е дваесет и една куќа и сите се на крајот, та сите кокошки пасат, не само во оградите, ами дури во планината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ако сите знаеја дека една чупа, на нејзина возраст, ниту знаела ниту можела да знае кој сѐ работи за Организацијата но освен мајка ѝ Василица никој не ја зеде во одбрана, никој и не смееше да ја земе во одбрана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога стигнуваат на Латинска Црква, веднаш над Кладенец, Максим застанува и се свртува спрема населбата: облеана со боите на залезот, таа изгледа како позлатена, а имотските прозорци и пенџерињата од четирите турски кули ждракаат право натаму, накај Плоштина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еднаш, додека лудуваше по креветот, раката на Цацко се фати во оградата и се скина. Колку силно се расплака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бегајте, мртви, се фатил со обете раце за накривен кол во оградата од дабови прачки, ова е свет на живите, вратете му се на гробот, останете меѓу камења, меѓу скаменети полжавчиња и мравулници, вратете се, вратете се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сѐ друго што било кажано, - „Јас ќе го внесам него (оној Доце Срменков) подлабоко в земја.“ Но сега пред куќата се сновела сенка. Ја видел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)