во (предл.) - омраза (имн.)

И некој друг, кој гледа и поттикнува од страна, трие раце, проверува сметки и во омразата дофрлува омраза...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Може ли омразата да биде тиранин на душата таму каде живеела благодета на љубовта?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Може ли љубовта да се претвори во омраза или може ли да живеат и опстојуваат една до друга?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар е тешко да се сака, зар тие што живеат за љубов од љубов да умрат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е наша потреба, наше исполнување, веруваме во таа сила која полека не уништува, отров за нашиот ум, кој се шири и ги замрзнува сетилата и секоја наредна минута убавите чувства се претвараат во омраза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ме дотера до гнев. Мојата љубов кон него се претвори во омраза, а омразата премина во рамнодушност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега, без да се знае дали во омразата ги држи страв, нишка со која, како што мислии едниот и другито, е врзан за надеж дека ќе преболедува, се повлекуваат со лазење, нечујно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во нив и со нив се враќаше цел еден век до грло потонат во омраза.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во бесот пак и во омразата, луѓето биле секогаш поспонтани.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзината закана е исто толку вистинита во Историјата, како и во сништата,во љубовта како и во омразата... ...во потерата и пленот и гонителот играат според обредно – магиската логика – нивната неизбежна врска е енергетска – силата што ја троши ловецот за да го дофати пленот, бара и бегалецот да ја внесе истата сила и итрина за да измолкне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако е тоа љубов, штом може да помине во омраза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)