во (предл.) - опачина (имн.)

1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Како да сум во опачината од просториите на ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Страв украсен со коридори на безизлезот, заклучив и седнав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)