во (предл.) - опозиција (имн.)

Најинтересно од сѐ беше што повеќе од половината политичари кои се вртеа во парламентот и кои сега беа во опозиција, јас ги знаев лично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој алудираше на една традиција различна од социјалистичката, а со неговото користење уметниците се поставија себеси во опозиција на официјалната култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набројувам дати, имиња, наведувам резултати од демократски избори во проценти, ги набројувам партиите на власт и оние во опозиција, имиња на лидери, настани, градови...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- На мене таа гудина, у март, ми се случи нешто шо вии Скупјаанто гу викате „изузетно“. - Што тоа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Сите пуштиле брада, и во позицијата и во опозицијата, лавови, орли и магариња“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ценејќи дека работите во однос на ситуацијата во Македонија се средени со имплементација на Рамковниот договор на 21 ноември СДСМ, ЛП и СП ја напуштија Владата на политичко единство и преминаа во опозиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во војната од македонска страна загинаа 70 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Објаснувајќи го ставот на Делчев по прашањето на атентатите, Кипров, меѓу другото пишува: „Гоце беше симпатизер на нашите идеи, но не можеше да се отклони од општиот принцип на Организацијата и затоа секогаш ни беше во опозиција и гледаше да не ’заузда’.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Б) Самите ние да им дадеме целосна поддршка на сите ‘комунистички’ елементи со цел да се пренасочат кон нас и да се ослаби руското влијание“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, и во поглед на Грција, британската политика се наоѓала во „пат позиција“, бидејќи сметале дека веќе не можелеи натаму да размислуваат „за бојкот на ЕАМ и ЕЛАС во Грција, бидејќи на тој начин, во сегашниве услови, тоа би значело отфрлање на договорот постигнат по толку години со кој ЕАМ и ЕЛАС се смирија со Грчката влада, а исто така повторно би ги натерало да преминат во опозиција и изолација, пред да се стави на тестирање нивната искрена верност“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По ревноста за апсолутно искрен израз, по подготвеноста да плаќа со лично страдање и ризикување на животот, Бренер го воскреснува и го воздигнува садомазохистичкиот комплекс на руската интелигенција во опозиција на омразената власт, комплекс кој е вродена желба „за страдање” и во кој политичкиот дискурс не посредува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие се здобиваат со сопствено значење во опозиција спрема ортодоксниот вокабулар: „структура“, „систем“, „ограничување“, „детерминанта“ итн, вокабулар организиран околу сликата на животот како некаква „билијарска кугла“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес, помалку од било кога, постои „даденоста“ и уште помалку „еднаш-засекогаш-даденоста“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, идејата за уметникот како говорник, како проповедник: тоа е денди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А. Денет: Имаше ли елемент на провокативен дендизам кога првпат започнавте да работите како тим, во голема мерка во опозиција на стилот на она време?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак, барем во еден значаен аспект нашиот современ концепт за јавниот простор е значително различен од оној на античките polis и agora.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Имено, денешните теоретски согледувања за јавниот простор обично го дефинираат во опозиција на приватниот простор, и како таков тој е историски производ на развојот на модерното капиталистичко општество (промените во индустрискиот процес кои довеле до трансфигурација на односите помеѓу „домот“ и 71 „работата“)79.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)