во (предл.) - организација (имн.)

Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Организацијата треба да бидат сосредоточени најдобрите интелигентни сили во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас зборував оти кога се прави востание од името и во полза на сите македонски народности, тогаш за тоа треба да се има полномоќност и учество на сите народности во организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има ли нешто слично во Организацијата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тешко е за феминистите да го усвојат овој контраст, кој сета конкретна значајност што ја имаше ја доби од објаснувањето на “мате­ријалната промена” со оглед на Марксовата есхатолошка историја на промени во организацијата на механизмите на производство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејзината облека и чевлите, спакувани во картонски кутии, го натерала Милан да ги однесе во организацијата „Татковски галеб“ за годишниот добротворен прилог на црквата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едноставно се зачленуваш во организацијата затоа што сте млади и волите путовања и дружење (немаше верзија на македонски), и добивате небесно-сина книшка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Организацијата може да престане по скратена постапка за ликвидација ако, по донесувањето на одлуката за престанок на постоење од органот определен со статутот, повеќето членови на собранието или застапниците на фондацијата и на странската организација, поднесат до Регистарот заверена изјава, согласно со закон, дека се намирени сите обврски кон доверителите и кон вработените во организацијата (чл. 70, ЗЗФ). 3.  Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инаку, во моментов, има три полициски синдикати кои го покриваат неговиот сектор, но –  според него –  ниеден не е реално активен во однос на правата на работниците, првенствено поради политичките влијанија и притисоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Средствата на организацијата не можат да се исплаќаат на членовите, основачите, членовите на органите, застапниците, вработените или со нив поврзани лица – освен во случаи кога член на организацијата е корисник на услугите на организацијата, во согласност со целите определени со статутот и програмата на организацијата (чл. 50, ст.3 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на работната атмосфера – условите за работа во организацијата беа генерално добри.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 8 април 1993 Р. Македонија едногласно е примена во организацијата на ОН под привремено име Поранешна Југословенска Република Македонија како 181 членка заради енергичното противење на Р. Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овие информации и консултации треба да ги опфатат веројатните трендови на активностите на трговското друштво, јавното претпријатие27 и друго правно лице, нивната економска состојба, идните вработувања и сите останати одлуки кои би можеле да доведат до суштински промени во организацијата на работата и договорните обврски.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Важно е да се каже дека поголемиот дел од претставените дела се наоѓаат во колекцијата на Чарлс Сачи, рекламниот магнат кој и самиот ја збогати комерцијалната поп-иконографија во своите реклами.15 Уметноста од рекламата ги позајми моќта за комуникација и манипулација, но и увидот во организацијата на економскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На ова место се затвора како концептуалниот круг на односите на новата британска уметност и поп-културата така и кругот на пазарната логика во којашто таа се наоѓа. 186 okno.mk Оваа пазарна логика (која кај нас нема шанси да постои уште долго време), истовремено е инспирација и природно живеалиште на праксата за која што стана збор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Со тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го употребив како вовед во панел-разговорот Публика која се менува за уметноста која се менува, одржан на 21 мај 1966 год. во Њујорк, во организација на Соединетиот совет за Уметност. A Year from Monday, 30-34. dnevnik: publika 1966 1.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ЛУКОВ: Од кога сте во организацијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)