во (предл.) - отвор (имн.)

Некој некаде повторно ставил пет центи во отворот за пари на џубоксот зашто тој веќе минуваше низ прелиминарните трескања пред да почне музиката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Добро е што ништо не е симнато од нивниот вагон, ама кога во еден замав ја качува својата снага во отворот на вратата, открива дека речиси сите се будни, облечени, прибрани.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Магијата на расказот остана да ја протолкувате вие, притоа внимавајќи да нè ве погоди проклетството на зборовите, збиени како револверски зрна во отворот на срцевата цевка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)