во (предл.) - очекува (имн.)

Онака како што прават специјалците во очекување на заповед да ги нападнат голораките граѓани на претседателот, од благодарност за дадената доверба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека да поземат здив, Ване во очекување а Геро во ликување, келнерот ја донесе нарачката: пред Ване ја стави чашата пиво без крагна, а пред Геро кригла пиво и чашка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако сите беа послужени со кафе, тие разменија неколку конвенционални зборови, во очекување на работниот дел од состанокот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Убаво се загледав во фотографијата на која беше претставен амбасадорот, во свечената дипломатска облека, седнат крај камин, во очекување на некоја значајна аудиенција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секоја реченица наредени гаврани на снегот, покрај долгата улица, во очекување на процесијата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Притулена радост во очекување на надежта!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Господинот Гологанов притоа секавично се присети дека кучето, пред да дојде господинот Гроздановски, беше невообичаено затаено, како во очекување на нешто.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Времето под дудинката го поминував во очекување по нашата уличка да наиде некој црн човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе од 30 сопственици на трговски куќи, некои од кои мошне големи, биле затворени во очекување да се утврди дали меѓу запленетите документи нема компромитирачки материјал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Христијанското население живеело постојано во очекување дека нешто крупно ќе се случи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се освести дури предвечер, со тапа болка во целото тело, капнат, жеден; ги отвори очите во очекување дека ќе го види пред себе оној гол камен и се изненади.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Времињата се менуваат, си помислив, во очекување на новиот патрон на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниот разговор во барокното здание на Сојузното министерство за надворешни работи во Белград, требаше да го имам со тогашниот сојузен секретар, односно министер за надворешни работи Будимир Лончар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минуваа месеци во очекување на луцидниот период на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов пред кабинетот на другарот Сојузен, во очекување тој да го заврши разговорот со друг вратен амбасадор од мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во очекување да започне разговорот со Сојузниот министер за надворешни работи Будимир Лончар забележав дека тој сепак ја имаше задржано сликата на Тито, но не над неговата глава, туку на споредно, незабележливо место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да пловевме сите во големото Медитеранско море, во бродови крај флотите на САД, Франција, Велика Британија, СССР и други, во очекување на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се случуваше Татко и двајцата блиски пријатели Афз Б. и Мустафа С., во очекување на неизвесниот четврти партнер, да играат сами.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа наредени на двете страни како на бојно поле, во очекување да започне борбата со зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега беше останата сама, во истиот ќош, во очекување на некој од нас, да ѝ ја дополниме илузијата за нашето присуство кое сè повеќе се разретчу­ваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Останав така во очекување и во безделничење уште скоро месец ипол... испружен како некоја тетка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
До Луксембург ако сакаш!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах! Да не бев толку зафатен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа се ведна над торбата, ја подотвори и пак се исправи во очекување да биде прашан што ќе сака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека она што го чу се повтори уште неколку пати, едно претчувство му го стегна срцето во очекување да го пречуе тоа што го слушаше, што доаѓаше од осветлениот прозорец на катот, што веќе го погодуваше, но длабоко во себе одбиваше да го поверува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едно остана во очекување пред можна нова среќна случајност...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко, реши да остане уште извесно време во градот на истекот на реката од Езерото, во очекување на првите години на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во соседството, макар веќе ноќта одмината, се палеа светлата, излегуваа жени и деца, итаа кон Езерото, да им се придружат на рибарите во очекување на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Размислуваше така за себе Јагулче Дримски, небаре беше црвен отомански валија, во сталински вилает, во очекување на катил-ферманот, или ферманот за унапредување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога го доби вториот одговор, во очекување на времето да го фрли и последното камче, ја стави ногата во дупката од ровот, што по заповед беше направена да послужи како узенгија во случај на потреба да тргнат во јуриш на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Барем она нејзино: добра ноќ! (А тој, секогаш си замислува дека таа го следи речиси во чекор, па затоа постојано е во очекување да му се јави).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секое дете држеше по еден голем змеј од хартија, а лицата им блескаа во очекување и животна радост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се зближиле, значи, како што две млади жени можат да се зближат кога се тажни и осамени; едната, во очекување на парите од сладострастникот кој секој момент можел да наиде, втората, зафатена со белите чаршафи што мирисаат на сапун и веднаш се здрвуваат од штиракот штом ќе помине по нив врелината на пеглата ; почнале да си веруваат една на друга, да седат заедно кога се слободни, да се смеат, да плачат, - како сестри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тие, сепак, одвреме-навреме погледнуваат кон небото, во очекување Козичките да се вратат!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога дедо Господ си ги затвори очите ѝ секнаа водите од небото, ненадејно се појави Пелагија со малечката Пелагија, Танаско со многубројната челад, и, се разбира, дедо Костадин легнат во големиот ламаринен сандук во очекување да ја види животната сопатничка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)