во (предл.) - оџак (имн.)

Долго и мирно гледа во оџакот од соседната куќа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во огништето, врз запалените дабови цепеници прскаат искри, разигран е пламенот, баботи во оџакот и блажена топлина одајата, а тој издолжува валкани и засмрдени нозе, ги пика во леѓенот со жешка вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бојан отпрвин помисли дека е тоа ветер што се вовира во оџакот, но забрзаното, ненадејно лаење на кучињата го потврди неговото стравување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)