во (предл.) - палто (имн.)

Висок и мршест, постојано облечен во палто со крената јака, а под палтото само маица. Врсник на Саздо - меѓу 35 и 40 години.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Трифун, поголемкото, пикнат е во палтенце на Дине, наврен од глава до петици во него, а помалиот, Сотирчо, како да не го држи за рачето, туку чиниш рачето на Сотирчо е проврено до рамото на Трифун.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Благодарам - го прифати подарокот сѐ уште збунетата жена, кога зад неа облечена во палто и шапка на главата, поубава од кога и да е порано, на врата зад мајка си се појави Алегра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
(Бара клуч во палтото и од како го наоѓа отклучува, но кога го подига капакот и некој ризи очите необично ги отвора и паѓа — седнува пред куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Алегра го поздрави Јехуда со срамежливо мавкање и продолжи да чекори напред, додека тој неколкупати кимна со глава и побрза по неа.  - Анјус мучус ди алказар!13 – им довика мајката една од пуримските честитки, а зад неа се појави маж ѝ кој се потресе од премногу отворената желба и ја боцна жена си по слабината, а самиот не издржа и зад нив довикна.  - Пурим алегре!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ниту едно кече, ниту една жена облечена во палто и забрадена со шамија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)