во (предл.) - папрат (имн.)

На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Немам ништо скршено, му се оѕвивам и трепкам ко ласица во папратта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денко застана за миг. Во папратот крај патот забележа крупни црвени јаготки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стој, - ме запре дедо. - Легни во папратта - ме повлече по себе долу во густата трева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко отиде да пие вода или, пак, се скри во папратот каде што одеше да клечи, доктор Коста мереше нешто понастрана, а Бојан, мислејќи на Елена, на градот и на триесетте училишта во него, ритмички удираше со копачот, дури и несвесен зошто удира и што бара.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)