во (предл.) - парламент (имн.)

Тенеќе! Мисли дека јас сум до толку глупава и не знам дека тој посакува да стане зет на влијателен полковник и по неколку години да влезе во парламентот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постои случка во која Стивен Милиган (Steven Miligan), пратеник во Парламентот на Британија, е најден мртов со кеса преку главата и со портокал во уста кој претходно бил натопен во амил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најинтересно од сѐ беше што повеќе од половината политичари кои се вртеа во парламентот и кои сега беа во опозиција, јас ги знаев лично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бургиба по ова предупредување на своите западни пријатели разбра дека со посебен настан во парламентот мора да го одбележи и вистинското враќање на повеќепартиската демократија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)