во (предл.) - пеење (имн.)

Понекогаш ќе запреше неколку секунди, ќе ги раширеше и одново ќе ги собереше крилјата, потоа ќе ги надуеше пегавите гради и повторно ќе удреше во пеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Задржувајќи си ја љубовта кон гласовната музика на подоцнежиот период на романтизмот, па дури и на онаа од дваесеттиот век, тој смело сними низа песни и арии напишани исклучиво за женски глас, кои обично ги исполнуваа само сопрани.109 Се разбира, Даниелс не е првиот геј-маж што уживал во пеење, макар и насамо, велики дела од женскиот гласовен репертоар, како што ќе ви потврди секоја оперољубива кралица (а денес во геј-светот никој освен, можеби, оперољубива кралица нема да сака да ви признае нешто толку незгодно).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И во пеењето – спомен, ја има Фанка која бери грозје лисичина и падарчето кое ја фати, а не сака бакшиш пендолира, туку сака, леле, црни очи... и калеш Донка и Калината руса коса како тељови за тамбура и лулашката на Ѓурѓовден и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Снегот само крцка, ми помага во пеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш приземјен и пред неговото прво борбено крштевање, прв во пеење и оро и секогаш на услуга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)