во (предл.) - перспектива (имн.)

Да резимираме во општи црти: учењето за четвртата димензија кај Duchamp, изложено во перспективата на порано споменатите автори, ќе ја игра токму онаа иста улога што ја играше учењето за пирамидите од визуелни зраци кај Leonardo.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На страната на Добрина Стана, во перспектива на Скодра, наежени коњи од сталагмит и здрвени џандари, влажни и порабени векни ветер ги прават надмени прозорците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да резимираме: класичните мајстори на перспективата во своите трактати јасно ги раздвоија, од едната и другата страна на трите хоризонтали - од кои најниската ја претставуваше линијата на хоризонтот од долен домен, а највиосоката линија го претставуваше челото на горниот домен - двата разнородни простори: просторот на геометриската проекција и просторот на проекцијата во перспектива, со други зборови дводимензионалниот простор и привидите на еден тродимензионален простор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој додава: „Каква атомска бомба?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повторно очите му гледаа во фокусот и во перспективата; а ушите му ги слушаа познатите природни гласови, наместо грозоморните еха.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го сакав Дали заради остриот изглед на неговата архитектура - Кирико е многу сличен - долги сенки, бескрајна далечина, линии кои се собираат во перспектива...лица без облици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова мислење во ноќта, толку длабока ноќ... Којзнае дали немаше да се загубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)