во (предл.) - пештера (имн.)

Селаните по сражението избегаа со семејствата и нешто пљачкуринки што можеа да понесат, во пештерите и гората и однаспоред гледаа кога Турците прво ги опљачкаа нивните домови, а потоа се дигна густ дим за да премине во пламен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исус е море што се повлекува, Исус скока преку смрзнати потоци, Се крие во пештерите и кове Златни решетки за Жар-птицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По Божи благослов, му се навртела, та го дојала млеко и, кое со нога, кое со муцката, го однесла в пештера, кај што £ било легалото, та си го завила во суата шума, и си легнала до него да го топлит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Излегол гемиџијата на суо и го видел детето кај си шетало околу пештерата, се прибрал до него, му прогоорил, арно ама детето не ти знаело никаков јазик.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но луѓето - од завист ли, од злоба ли - започнаа да му зборуваат на Цанул како жена му пак почнала да ја крева опашката, да си ги копа очите со шумарот Веселин: ја виделе в планина со него, ја виделе по нивјето, ја виделе во некој листовник, во некои копи, крстици, во пештера;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Лилјаци не летаат дење, и напладне, ми вели Јон, лилјаците сега се во пештери, обесени ко гроздови за понада, ми вели, ај да копаме...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се растрчале луѓето низ шумата, по доловите, по меризите и се кријат под буките, под камењата, во пештерите, во ветките, во ѓинѓерите, во папрадиттата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш жените на каменоделците доаѓале до пештерите со леб и вода - премногу било да се гладува до стемнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ знае какво семе 'рти во нас и нѐ тера да ломотиме дека човек спие во пештера прегрнат со мечка како со жена.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина се сетила дека некој едноок дедо на тој втор Онисифор живеел во пештера со косместа мечка, скотски се врзал за неа, за нејзиното живо месо што копнеело по свој род и пород - на мажјакот пред тоа му ги издупиле градите со копја, да легне послана неговата кожа под миндерот на некој турски стрелец и имотник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој знаеше. „Од прикаските за дедо му или дедото на тој дедо навистина се паѓа во гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не прочитал никој во црковните книги дека дедо му на мојот дедо живеел со мечка во пештера.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се случило: во пештерата, без знак на човечки дом и без сведок на страшниот настан, пред планината да ја покрие зимска лутина, на изгниено сено останала грубо одрана кожа и големи изглодани коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника можел да види во пештерите свои врсници, дури и помлади.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не верувај дека ќе ме сотре натема. Рано е да се подгрбавам под клетви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку ноќи ги демнела стадата и бегала пред пци, извици и блескави гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе стиснеме чекан в рака и кога ќе влеземе во пештерине, слушаш, престанува нашата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го тргна Богдан албумот и стави леѓен да ги собира капките кои одѕвонуваат во леѓенот како во пешетера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Коњот, неспречуван од луѓето со бради или само со мустаќи, со реденици и со ками, долго пиел од отворената бочва а некој, подоцна, по битката, ранет и сокриен во пештера, раскажувал - под белата коњска кожа жилите видливо поцрвенувале, оние во ноздрите и вратот, и оние на градите и на стомакот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сами двете - во планината, во пештерата - бигорна...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Таа прва ноќ во пештерата - бигорна - бессоница - ама со надеж за едно светло разденување.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Хефест во пештера златен престол на Хера ѝ кова, Со винова лоза околу вратот Дионис на Олимп го враќа.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Горјан го внесе самарчето и влегоа во пештерата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Треба да ископаме тони јаловица за да го пронајдеме зрното што ни треба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние сме во пештера! Или во рудник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни рекоа: само да се смири малку, да ги отфрлат владините војски некаде таму, кон Олимп, да ин ги уништат аеродромите и авионите, та потоа ќе се вратиме дома, ќе учиме нема да се криеме по шумите, да спиеме под голо небо или во пештери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
15. Во пештерата нѐ гледа цело Политбиро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)