во (предл.) - пижама (имн.)

Навистина го пронаоѓа Френк заспан; во пижама, потпрен на заглавјето од креветот, со перница под него, изгледа потполно стар и мртов, со седа коса, со затворени очи и со разлабавено отворена уста, со отворениот Да Винчиев календар на скутот прекриен со ќебе и осветлен од ламбата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вие домците спиете во пижами? - Без исклучок. Лете во пуплин, зиме во зенана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја заклучив влезната врата од својот дом, го изгаснав светлото и се качив на катот во спалната каде што се пресоблеков во пижамите и, оставајќи ја само сијалицата над кре-ветот, си легнав со намера да прочитам некоја страница од книгата што ја читав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во еден момент чув некој шум, нагло се свртев и го видов Оливие, босоног и облечен во пижами како стои покрај мојот кревет.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Чисти, измиени, облечени во пижами легнувавме во креветите со пеглани чаршави, што мирисаа прекрасно и се потонуваше во нив како во млака пријатна вода.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така е раширена веста за „Танјуговата“ фотографија – трогателна, но без рана, физичка болка, крв, - која некако го разнежуваше ужасот од хорор-епизодите на Апокалипсата, кои кружеа меѓу вознемирените групи луѓе, во пижами, маички, собрани пред шаторите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како не би се сеќавал? Но, да продолжам: пред некоја вечер, во пижами, возбуден до солзи, дедо се втурна во спалната.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Шифра: Господарот на камшиците", гласеше огласот кој го испрати по СМС во неделниот додаток на весникот кој редовно го купуваше и го читаше оптегнат на троседот во пижами и влечки, додека жена му трчаше по децата, готвеше и пеглаше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пред него стои мршав човек во пижама.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во пижама јоргован боја, како во оној излогон во Истанбул карши хотелот во кој го варат најодвратното кафе од кал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имав мал проблем затоа што малото беше заспано, па онака, по пижами, во ќебенце го префрлав на задното седиште на прастариот модел од „Мицубиши колт“, силвер боја, а јас, по влечки и во пижама, модел над кој мораш да се замислиш, во смисла, „јали ќе легнува, јали ќе џогира“, пичев за да не ме чека детето пред фонтана во парк.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Томо, кој беше во пижами, не успеа да ја задржи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој нема да го доживее враќањето на ластовиците во Рамалах, во неговата втора Картагина во урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
...исток и запад сепак остануваат само поаѓање и заод а преминот потполно емотивен засолнет од броење од подоцна од порано топлината на кожата (пресвлечена во пижама спортска маица свечен костум) е тука под ткаенината каде не сум ниту добар ниту зол ниту малограѓанин ниту бунтовник единствено љубопитно тело...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Стоев сам во пиџами на вратата, го чувствував топлиот ноќен ветер, и тогаш сфатив дека Тате седи на механичката лулка на терасата и полека се ниша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Болеро Не издржа Ѓорѓија и ја испрати мајка си во старечки дом.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога дојдовме дома, некако сите се најдовме горе пред тоалетот, во пижами.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се судрија во тесниот влез.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вториот ден Ј се разбуди и се изненади кога виде дека е бебе облечено во пижами за возрасна жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Третиот ден Ј сонуваше дека е бебе облечено во пижами за возрасна жена, што сонува дека е возрасна жена облечена во бебешки пижами.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ти играш оро? МАТЕЈ: Не Рокенрол. (Пауза) Марк не знае рокенрол. (Пауза) (Се отвора вратата централно, излегува Мира. Во пиџами. Штотуку станала од спиење. Седнува на софата. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На Пелагија ѝ се чинеше дека е рано да ја дели од себе, ама оти во иста одаја, се согласи заедно со мајка Перса да ја облечат во пиџамките, да ја целуват во зацрвенетите обравчиња и да ѝ пожелат лесен сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се преоблекувавме во пижами и секој од својата врата влегуваше од бањата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа во пижама, таа со шминка, без шминка, во профил, анфас, целосна фигура.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)