во (предл.) - платно (имн.)

Дали ќе ги земе двата златника пришиени во платно што сака да му ги подаде роднината? („Таа ми ги подаваше златниците, но во нејзините очи читав: Не земај ги!”).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- И го завиткавме во платна, во кожи, во кожуви, оти беше многу тепан, сета мрша набиена...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бурична и наиде на дел, во платно подврзан сиво-зеленикав тефтер, грбот и аглите подврзани со кафена имитација на кожа, извалкан од префаќање со нечисти раце и со наслов втиснат во корицата – Ledger (Главна книга), веројатно донесен од Америка, од татка му, некаде во дваесеттите години на минатиот век.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се шегувам, станува збор за опус од едно десетина години, фигурација, извлечена од мојата духовна утроба, токму така, како разбереш: луѓе во масло на платно.  Луѓе во платно на масло.  Гарнирани со краставички.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така, тој од дете гледаше како црните козји влакна се сучат во долги дебели конци, а потоа конците се ткаат во платна, кои шаторџиите ги шиеја во шатори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги собираат коските од мртвите и ги мијат на чешмата, потоа ги завиткуваат во платна, во торбиња, во вреќиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)