во (предл.) - племе (имн.)

„Роден сум во Тарс, во племето на Венјамин, и по раѓање сум слободен граѓанин на Рим“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Живеејќи некаде во меѓупростор, меѓувреме Во вечен злостор, во под тешко бреме Незабележан, ситен, дребен Дал во орда, дал во племе Во пејсаж не овоземен...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Овде тој подзастана и се поднасмевна на изразот на целосна збунетост и неверување кај дојденецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаме пишување кому повторно светињи ќе му бидат семејството и татковината, народот и крвта, целото постоење на набожни врски што ќе нè одгледуваат во духот на општественото чувство и заедничкото живеење, било меѓу роднините, било во професијата, како следбеници и работници, било во племето и нацијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Воопшто не ми е јасно каде хипиците ги нашле сите тие приглупи идеи за „враќање во племе” во средина на 20 век.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А. ми се допадна, продолжи Пол, бидејќи дегените таму остануваат изолирани во нивните куќи во предградието и тоа е толку прекрасно бидејќи е неверојатно современо - луѓе изолирани едни од други...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури по умирањето на водите се одвоиле животинките во племиња.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)