во (предл.) - плико (имн.)

Писмо од кое, така барем мене ми се чини, никој не прочитал дури ни еден ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во пликото немаше друго писмо. Само упатницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замина како непрочитано писмо грижливо сместено во пликото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)