во (предл.) - повеќето (имн.)

Ако за дошлаците овој локалитет е непознат, за завојувачите, меѓутоа, не беше: дамо српските власти, помеѓу двете војни, помеѓу првата и последната Голема војна, во повеќето наврати овдека вршеа ископувања.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е така, но не треба да се заборава оти организаторите на движењето во повеќето случаи беа чиновници егзархиски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарите ни кладоа владици во Македонија; имајте на ум оти тие владици во повеќето случаи и на најважните места се Бугари, а не Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако ги разгледаме сега распространетите во Македонија религиозни пропаганди, тогаш таму ќе ги најдеме религиозните пропаганди во повеќето случаи да служат како орудие за национални и политички цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И излегувам (во повеќето мои песни излегувам), и среќавам (секогаш некого среќавам): исцрпени балерини напатени (по цела ноќ ми танцуваат во сништата).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Социјалниот состав на ајдутските дружини бил разновиден: селани, сточари, аргати, чифчии, овчари, разни слуги, а се случувало да има и попови, калуѓери, учители кои во повеќето случаи биле духовни водачи на ајдутските дружини.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој мирен период во повеќето македонски градови функционирала локалната самоуправа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Да не мислиш на многубројните игри со зборови во повеќето од расказите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ж: О да, во повеќето земји е така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но во Германија, татковината на Бах, конвенцијата е слична освен она што ние го викаме „B” тие го викаат „H”, а она што ние го викаме”B-мол” тие го викаат „В” на пример, ние говориме за Баховата „Миса во В-мол” додека тие за „ H-moll messe”. Јасно?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)