во (предл.) - погон (имн.)

Според Ајнштајн, она што го става во погон човековиот резон, то ест она што го нагонува да измислува, да создава, се стравот и моралот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа најбргу, најорганизирано, ги става во погон творечките капацитети на творецот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во четири и триест минути, машините во предарата веќе беа во погон. Мама се будеше во дваест за четири.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кругеровото дело употребува камери и монитори за проекција на телото на корисникот, така што тоа може да стапи во интеракција со графичките слики, овозможувајќи им на рацете да манипулираат со графичките објекти на екранот, без оглед дали се работи за текст или за слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Интеракцијата помеѓу компјутерот и човекот се одигрува без ставање во погон на телото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И, нормално, по појавата на зборот, медиумскиот циркус и неговите помошници, го ставија во погон.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа беше првиот автомобил што тоа утро беше ставен во погон во Скопје, но наскоро бучава од експлозии во мотори зачести под густиот смог.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, за да ги сочуваат природните наоѓалишта, коишто ја ставаат во погон електросферата, ќе пристигнат на Пацифичкоит брег - од Сан Диего до Белви во државата Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ногата на Дејв изгледаше лошо, болно, но не започна навистина да го боли дури откако следниот удирач, Лојд Уикс, кој работеше кај Дејв во погонот за житарици, ја тапна топката и таа ниско по земјата отиде до фрлачот, со што Дејв заглави на третата база и неговото чудесно лизгање се покажа како бесцелно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За разлика од спортските ѕвезди, забавувачите на кои работата не им е да победат на натпревар, туку да изведат сценарио на сцена – било да е тоа сериозен театар, брoдвејски мјузикл, некоја опера или балет – поради тоа се феминизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако таквите изведувачи честопати прават исклучително напорни работи на сцената, за нив не се смета дека постапуваат, туку дека настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тоа поради едноставна причина: нивното дејство е предодредено и него го диктираат одредби од претходно сценарио.292 Тие не носат сопствени одлуки; не дејствуваат самостојно; не ставаат во погон избрана стратегија за справување со даден брзо променлив сплет на околности, во согласност со одредени правила и според сопствената најдобра, секавична проценка на севкупната ситуација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А сега за овој вид пеколна машина која се става во погон за да се истребат козите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оттогаш никој не можеше да ги стави во погон. ’Рѓосаа на брегот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)