во (предл.) - под (имн.)

Во еден миг хаос. На ќилимот во дневната се истура тенџерчето ориз и варен морков, зрната влегуваат во процепите во подот, а оние собраните не сакаат да се одвојат од прстите ни кога ги тресеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Молчеливо, несигурно гледаат во подот не знаејќи како да започнат разговор, си ја местат фризурата во огледалото, си ги испишуваат имињата кога се сами.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
За да избегне да гледа дирекно во Даниел, а сепак да не гледа во подот, Боб го насочи погледот кон еден календар што висеше меѓу два клина на спротивната страна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ТЕОДОС: (Тргнал по Кева, се загледува во подот, се наведнува и дигнува мала сламка од метла.) Ете како чистат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Татко... ТЕОДОС: (Кратко и суво.) Што! ТОМЧЕ: Сакам да зборувам со тебе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стоеја и гледаа во подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очекуваше дека ќе ги најде повеќе, а ги имаше само неколку килограми, ги извади сите нив, во сламата веќе немаше ни едно зрно и тој тогаш ја запрета дупката во подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На едно место во подот ги растргна сите пилотни и го отвори ќепенакот. Темничина и мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подобро да ја претворам во прасе или можеби во пиле!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Удира со ногата во подот): Не, не, не и не!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рајнер отиде до еден од аглите, се наведна, ја спушти раката и од подот зеде игла во која беше вденат црвен конец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам ти да го направиш тоа.“ „Сакам ти да го направиш тоа.“ „Кое?“ „Да го извадиш плодот од мене.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влеговме низ раскршената врата, а потоа минувавме по просториите на некогашното живеалиште, гледавме во подот, по кој беа расфрлани предмети кои веќе никој не ги употребува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми молчеше и гледаше во подот пред мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толку трепереше од возбуда што топката се тресеше, удираше во стакленото шише и можеше да се потпали. – Слободно?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката и ќерката почнаа да се договараат, кога одеднаш Клотилдина удри со ногата во подот, се тресна по челото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)