во (предл.) - подвиг (имн.)

Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сето што тој го сторил в подвиг смел, и сите певци ќе те слават секаде по светот со еден занес толку врел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„Нема да се качуваш по козја патека на колена, чедо божје“, го слушам како ме охрабрува во подвигот со наслов: „Бог не ги љуби само оние чиј адут е дека биле имот единствено на еден маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Филозофот се сврте кон мене, ме погледна, и јас знаев дека мене ќе ме одбере за сопатник свој во подвигот што се готвеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)