во (предл.) - подем (имн.)

Но колку што навлегуваше во нивната жива и незавршена конотација, тој низ овие зборови како да сакаше да ги дополни балканските историографии, кои и во јазиците во подем на државите- нации гледаа бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие беа свесни дека во нив ќе гледаат донкихотовци кои водат лажни битки, без да сакаат да ги разберат, а најмалку да ја прифатат нивната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лежерно ме смести во една од фотелјите, им одрецитира неколку ласцивни вица на трите поети во подем и ги испрати, развеселени, назад во скопската ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Здогледав еден од моите познати, куратор во подем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Подолу, под најголемата врба на плажата, една забрадена бабичка ги мете камењата од паднатото лисје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А француската култура, во некои од своите генерички облици и одлики, може да им биде заедничка на луѓе што не се Французи, но кои живеат во Франција или ѝ се восхитуваат на француската култура или кои се идентификуваат со француската култура или кои усвоиле некои стандардни практики што ја карактеризираат француската култура. ‌Впрочем, поимот „култура“ изгледа некако сурово, непрецизно и сосема врзан за културата за да се користи во овој контекст – поим од деветнаесеттиот век, европски и повремено шовинистички поим, извалкан со неговата вмешаност во подемот на национализмот, со појавата на научниот расизам, со развојот на викторијанската општествена наука и со ширењето на западниот империјализам, за кој идејата на културната надмоќност понекогаш овозможувала згодно оправдание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како воопшто се случува Баш тие коишто не можат да си ја спастрат сопствената куќа Баш тие коишто не можат да си ја спастрат и сопствената држава Ете баш тие и нивните водачи да го спаструваат сиот свет Сосе светот и новиот светски поредок Отшто новите сонови се менувале Како што се менуваат марките мобилни телефони И сакале да бидат од нови понови сонови А недотрошените сонови ќе му се подарат на третиот свет Каде што е во подем шверцот со половни сонови Старо купувам стари сонови викаат препродавачите Со накривени паларии и чачкалица ли заботребник ли во устата Баш се интересни како во старите црно бели филмови Стари сонови стари сонови ама има и џиџит нови сонови Нив пред порти ги фрлиле оние кои не губат време со сонување Тие немаат време за препродажба на сонови Нив потесна специјалност им е препродажбата на нафта и цигари Тие не се занимаваат ни со препродажба на гаќи и градници од Турција А не пак со некакви ветви и половни сонови Светците и подсветците на нивните икони се дигитални Молитвите им се секавични и стуткани во кутија од цигари Фрлена на влезот во тукушто изграденото сонувалиште А од преполните усти им течат лиги од црно чоколадо.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)