во (предл.) - подробност (имн.)

Јас во подробности му раскажав за се.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лука Џеров, кој преку организационата мрежа во подробности ги следеле настаните, пишува дека, “за чест на Битола“, никој не се исплашил.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, на сето она, па дури и најситното, што ги засегнувало интересите на странскиот капитал, во Европа му се давало голема гласност, и дипломатските претставници во Цариград и во Македонија ги известувале своите влади телеграфски често и во подробности.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се вгледуваше во подробностите на она што беше реалност, несредено проектирана во неговата свест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Јас, госпоѓо Марија, не можам да навлегувам во подробностите на вашиот интимен живот, во бракот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете зошто задачата да се објаснат машката геј-култура, машкиот геј-вкус, станува толку сложена, барем кога ќе се навлезе во подробностите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секое вистински задоволително објаснување на привлечноста што ја има, да речеме, Џоан Крафорд за геј-мажите, ќе мора да се темели врз сеопфатно сфаќање на општествено-семиотското функционирање на нејзиниот кинематографски лик и врз импликациите на тоа функционирање во конкретните поредоци на сексуалното и на оброденото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во други случаи, односите меѓу стилот, вкусот, класата, родот, сексуалноста и идентитетот остануваат збунувачки недофатни, барем со оглед на сегашната палета од расположливи инструменти за критичка, општествена и семиотска анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребен е огромен напор за да се одвиткаат тие значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На моменти, помислувам дека лошото функционирање во доменот на земјоделието (ситуацијата е уште повеќе влошена последниве три месеци) е на извесен начин идентично со положбата во културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Простете што не влегувам во подробности за што би имало толку многу работи да се кажат!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)