во (предл.) - поединост (имн.)

Беше јасно дека започнуваше да се остварува невидливата, но најавувана и во поединости организирана реализација на казната, против моето однесување, моите зборови изречени во Атеистичкиот музеј и во двете кафеани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долнец пак јас го истражував во поединости, особено по она што го откри Симон, но се покажа дека не може да се најде никаков пишуван документ што би зборувал за долнечкото стрелање. И да имало, тоа било уништено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Не постои збор од пофалните што мајка му не го заслужува – рече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ако веќе сакаш, не сум упатен и во поединостите сврзани со животот на мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раскажуваа за своите мисии во поединости, а беа повикани да сведочат за одредени прецизни работи за земјата во која требаше да замине некој од нас, за врвни луѓе од политичкиот живот дамна исчезнати, за настани кои ја беиле изгубиле нивната актуелност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истакнувајќи дека за нив и за биосветот на Езерото ќе зборува Горски, тој истакна: - Нашата Партија мисли секогаш дијалектички, интегрално и материјалистички во поединости.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но јас сиот свој живот го поминав без некој увид во поединостите и без стриктна самоконтрола.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И сега, со неверојатна упорност, небаре се работеше за самата сегашност, за сè уште незбиднатата историја, тие понираа во поединостите на изминатите настани, до дното на секоја од нивните врски со минатото, со завојува­чите, со армиите, со режимите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наводот од “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” нѐ води во царството на надоместоци, не само во поединостите што веќе ги видовме, туку и уште појасно, ако помислиме на самата приказна. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 18
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Статијата за Укбар (од која наводно писателот ги присобрал известувањата) не се појавува, според зборовите на раскажувачот, во четириесет и шестиот том на Англо-Американската Циклопедија, туку: “Томот што Бјој го донесе беше всушност XLVI том на Англо-Американската Циклопедија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)