во (предл.) - позадина (имн.)

Беше ли кај неа дома?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети (глас во позадина): БЕВ ВО СТАНОТ НО НЕ НАЈДОВ НИШТО НЕЈЗИНО, НИТУ ЕДНО КОНЧЕ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Диди (глас во позадина): Што ве возбудува најмногу?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Да, Грета. (Свртува) Машки глас (во позадина): ДА?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Машки глас (Цеце манијакот во позадина): Јас знам што да направам со неа!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бабата (во позадина): БИБИ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Машки глас (во позадина): Веднаш, шеќерче, веднаш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети: Ало, господару!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики (Со треперлив глас): Дојди, го посакувам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Возеше 39 километри на едно тркало, а исто така може додека вози на едно тркало да пие пиво.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Како?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (глас во позадина): БЕТИ, ТЕ МОЛАМ СИМНИ ГИ ГАЌИЧКИТЕ ОД УСТАТА!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи 334-774-23!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 137 Краста: Кажувај брзо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас не знам веќе што да правам со тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од собата горе се слуша старечки женски глас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Планирам да оформам панк група, ќе се вика „На журка кај Карлос Иљич“, а јас ќе бидам фронтменот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја видов!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (во позадина): САМА ЛИ БЕШЕ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Машки глас (во позадина): Грета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети (во позадина): ЈА ИМАМ АДРЕСАТА НА БАБА И!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети (во позадина): ПИНОЧЕВА 14!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Реков веќе, сега, утрово, испишувам низи од зборови, цели редови и, повремено, како кога нагло ќе се испие доволно голтки вода од стомне, прекинувам со издишување и, во паузата, ги гледам пак јасиките како се нишаат спроти голиот рид подалеку во позадината, сега осветлени од повисоко, со една жолтосивкаста аура околу врвовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Армоничето сега се влечеше потивко во позадината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кај случајов со Никола Поцо тоа се усложнува со неговите манипулации во позадината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изгледаше прекрасно осветлена од меката попладневна светлина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Добро се сеќавам како стоеше во Тафин и Фоале панталони, со „Hap- py Together” од Тартлс некаде во позадината.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сомнеж (Suspicion), 1941г. •Хичкок: „Сигурно сте забележале дека Сомнеж е мојот втор англиски филм снимен во Холивуд: англиски актери, англиски амбиент, англиски роман.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Камерата со возење му приоѓа на еден цвет, а во позадината се слушаат шумовите од борбата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но и покрај таквите воено политички резултати, НОД на меѓународен план било во позадината на четничкото движење, кое ја уживало поддршката на официјалните кругови на западните сојузници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
troglodyte mode, hek mode, стадиум на ларва - програмирање во темна соба, со очила за сонце и со инвертиран екран (црни букви на бел екран) поради болки во очите по повеќечасовно (или повеќедневно) гледање во екран. Се препорачува и гласна музика во позадина
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога нејзиниот пријател, кој беше учител на едно големо јапонско семејство, одржуваше предавање во Санта Марија во Калифорнија, таа беше во позадината на публиката, стоејќи на столот, со високи потпетици, крзнена бунда и црвен трендафил во косата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но неколку години подоцна, кога се разведуваа, таа му рече дека кога биле кај златарот да купат венчални прстени, таа се издвоила за момент додека тој ја проценувал вредноста на двата прстени и незабележливо, земала еден рачен часовник. Оваа девојка беше голема убавица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 185
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Жените ја џвакаат сировата печурка и изџваканата маса ја мешаат со сок од капини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имајќи го во обзир градот домаќин, човек помислува дека организаторите на изложбата можеле да ја употребат фотографијата на Дишан во гондола за плакатот или за насловната страна на каталогот на изложбата, но наместо тоа, ни беше репрезентирана колор репродукција на Дишановото ремек-дело, “Невестата соблечена гола од нејзините додворувачи”, попознато под името “Големото стакло”, со фотографија на еден венецијски залив во позадината.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уште пред да стигнат до Палацо Граси, посетителите на Венеција можеа да ги видат зелените натписи што висеа на мостовите низ целиот град со името “Марсел Дишан”, амбициозно најавувајќи ги датумите на изложбата (од 3 април до 16 јули), како и многу слични плакати излепени на секоја станица на “вапорето-т”. (мал параход што плови по каналите на Венеција - заб. на прев).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фотографија во позадина: Марсел Дишан Големото стакло
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
YVES ARMAN ПРАШАЊЕ НА ПЕРСОНАЛИТЕТОТ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ова Ајдахо беше сосема различен дел од спектарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеш, ми личи на некој чуден предзнак?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше синхроничен, но немаше значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Третото копче ти ја разоткриваше чипканата набабреност на прслучето и јас си ја лизгав раката низ дезенираната мрежа напипувајќи ја цврстината на твојата пупка која ми се креваше кон прстите, но ти малку ќе се повлечеше и во позадината на забрзаниот ти здив твојот бакнеж се оддалечуваше и јас почнував посилно да те бакнувам обидувајќи се да те намамам да се вратиш од каде и да беше и конечно, држејќи те како да бев само пријател утешник, те прашував, „што си мислиш?“ иако, се разбира, знаев што ќе одговориш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не сакам да мислам на неа но не можам поинаку.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Веднаш до овој дел е видео снимка од 1991, на истото место: но оваа е во боја, со рокерски графити на ѕидовите во позадината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Има една секвенца од раните педесетти - црно бела снимка на моите родители како се бакнуваат на мостот со Парламентот во позадина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можете да ме слушнете како свирам на пијано на десетгодишна возраст, додека мојот помал брат плаче во позадината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веќе знае и со која поза која песна ќе оди во позадина и со кое крешендо ќе завршува претставата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На крајот од филмот, Марсиа умира на клупата во паркот, додека од неа излегува нејзиниот млад дух, кој се среќава со духот на Пол и тие заедно под рака насмеани продолжуваат да одат под расцутениот дрворед од кој паѓа дожд од цветни ливчиња додека во позадина свири „Мила, мила, мила, дали ќе ме сакаш некогаш?... до последната животна пепел, ќе се сеќавам на оваа пролет, ова време на љубовта, на овој мајски ден..“ полека исчезнувајќи во далечината...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Останатите уметности беа во позадината.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Луѓето од техниката ќе останат во позадина доколку не ги вклучат имагинативните млади луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ЧОВЕКОТ: Цел живот сум бил во позадина.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Херк Jonhson во последното делче од последната секунда го постигнува победничкиот кош, а Меги Lopez толку добро рапува, нишајќи го згодниот задник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ЧИН ТРЕТИ Во Арсовото лозје, Во позадината падина на Водно благо наклонета, начичкана со мали лозја, понекои оградени со ниски плотови.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уметноста секогаш е во позадина, еволуција зад сцената.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уметниците мораат да бидат аутсајдери и екстремни, во спротивно тие се невидливи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И предложив тогаш да ги разбиеме нашите бригади на мали единици и да се пробиеме во позадината на непријателот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку за себе рече: - Тешки мозоци ставивме во позадината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку што можеме тука, во позадината да наравиме, ние правиме се за да ви помогнеме, да не останеме поназад од вас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога телефонираше, тоа беше од продавниците на Дема-Ел-Фна, а во позадина се слушаше завивањето на уличните продавачи и звукот на пановиот инструмент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но најмногу од сѐ, иако таа желба ја криев негде во позадина, длабоко посакував љубов од соништата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)