во (предл.) - позиција (имн.)

Нејзиниот професионален феминизам и нејзиниот постхуманистички манифест меѓусебно се исклучуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оној што му објавува војна на она што е „природно“ не е во позиција да ги оплакува неприродните „општествено прифатени стандарди за убавина“; ако телото е само РАМКА што чека да биде наполнета со нови податоци“, кој било сет е еднакво добар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги почитував нивните правила, иако сум во позиција да ги прескокнам безобзирно!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Интересно е што самите Британци немале никакви информации за групата, но претпоставувале дека не истата и недостасува храна, оружје и облека што од своја страна водело кон заклучок дека тие не се во позиција да преземат каква било акција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа тие сметале дека не било можно да се одделат саботажите од политичкиот живот на земјата и поради тие причини “СОЕ се нашла во позиција, во најголем дел, да соработува со партиите од лево и настојува да прифати политика спрема различни земји на окупирана Европа кои се од непосреден интерес на оние кои се одговорни за водењето на надворешната политика на владата на Неговото Височество“.15 Како заклучок од она што се случувало на Балканот до септември 1943 година аналитичарите на СОЕ истакнале дека: “• Необично е што низ целиот Балкан партиите од десно соработувале со силите на Оската, а додека партиите од лево во чии редови влегувале млади луѓе, покажувале постојана желба да ги ослободат сопствените земји. • Од друга страна било сосема јасно дека мнозинството од оние кои припаѓале на левите партии кои се бореле против силите на Оската и го формирале општото мнозинство низ целиот Балкан, им се придружиле единствено бидејќи тие им нуделе организирана форма за ослободување на нивните земји. • Ако сакале да дадат отпор и да се искористи максимумот, метеријално, човечки и физички низ целиот Балкан, кој е подготвен да се спротивстави и да се бори против силите на Оската, требало да се помогне тие партии и покрај тоа што тие биле предводени од елементи на левите. • Доколку не сакале да имаат комунистички блок низ целиот Балкан, во вистинскиот момент требало на левите партии да им понудат очигледна помош во форма на стабилни републикански влади и понекогаш уставни монархии, како спротивност на постојните ројалистички влади и покрај тоа што би било неможно да се отстрани од свеста на масите соработката на ројалистите и десните со непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На мисијата ѝ се сугерирало да не зема директно учество во преговорите и на локалниот командант требало да му соопштат дека тие биле „таму само во позиција на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Опашката ѝ беше поставена во позиција на неизбежен погон, но телото ѝ беше целосно неподвижно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие повеќе не се идентификуваат со овие практики, и почнуваат да чувствуваат одредено отуѓување од нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуите сега се во позиција да развиваат алтернативни и преферирани индивидуални и интерперсонални односи - контрапрактики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Осврнувајќи се на ова, јас не верувам дека тој предлага суштински поглед на себе, таков што индивидуите би се “пронашле” себеси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој повеќе сугерира дека преку објективизација на секојдневниот свет, би можеле да станеме посвесни за степенот до кој одредени “начини на живот и мислење” го обликуваат нашето постоење, и дека тогаш би можеле да бидеме во позиција да избереме други “начини на живот и мислење”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, актерите сакајќи или не, честопати се ставаат во позицијата на Флоренс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Иако не сум во позицијата во која бев некогаш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ви препорачувам да ја практикувате оваа вежба сè додека не сфатите дека субјектот Д лесно може да биде во позиција на субектот Б.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе сфатите дека субјектот Д лесно може да биде во позиција на субектот Б.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаа патолошка позадина, во позиција на вид испомешани комплекси.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајката, Таткото и нивната рожба, синот-наратор на балканската сага најчесто ги поставува во позиција над и пред секоја држава и под било каква припадност како верни поданици на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов во позиција да ја бранам земјата во туѓина, која однатре беше жестоко напаѓана и оспорувана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Судбината сакаше синот-наратор да се најде во позиција на амбасадор на Југославија (до нејзиниот распад од половината на 80-те и почетокот 90-те години на XX век, пред братоубиствените војни, невидени во Европа по фашизмот) во Тунис, при Арапската лига и државата Палестина) и на новата Република Македонија (до крајот на XX век) во Франција, при УНЕСКО, во Шпанија и во Португалија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луцидниот Климент Камилски, кој многу добро ја познаваше француската книжевност, намерно му ја даде на читање книгата од Флобер на Татко, за во крајна линија да го соочи со опасностите кои можат да произлезат од нивната акција на чистење на османскотурски зборови по падот на Османската Империја, со нивните автодидактички познавања на лингвистичката наука, во времето на нејзиниот подем, да не се најдат во позиција на Бувар и Пекуше, да не биде разбрана нивната мисија како на балкански Дон Кихот и Санчо Панса, да се најдат на потсмев на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние во западниот свет, сега сме во позиција да ја запознаваме источната традиција директно, практицирајќи ја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Сите пуштиле брада, и во позицијата и во опозицијата, лавови, орли и магариња“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- На мене таа гудина, у март, ми се случи нешто шо вии Скупјаанто гу викате „изузетно“. - Што тоа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се појавуваат таму кадешто се стои простум, како на дланка. Во позиција за отстрел!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Честопати се фаќав себеси во позиција, но и поза на преамбициозен балкански Дон Кихот, кој со амбициите на Растињак, се обидуваше да ја истакне својата личност и судбината на својата мала земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Честопати во мојата преписка со Патрик Крисман, се откривав во позиции, кога преусилено го нагласував својот книжевен милитантизам, но тој остануваше спокоен во ритамот на својата добрина и величина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа се предупредувало, во случај разговорите да продолжат, дека би можело да се случи Британците да бидат ставени во позиција да го употребат своето вето на една таква комбинација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа тие зазеле став да се извести Бејли да не го праќа определениот агент за Софија којшто требало да воспостави контакт и дека не треба да се преземе никаква акција пред пристигањето на мајорот Тејлор во Инстанбул или доколку Бејли во меѓувреме не добие други инструкции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие го известуваат Џеб дека во случај Стефанов да ја реализира посетата на Лондон, Британската влада се става во позиција да ги наруши своите односи со Грчката и Југословенската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Навистина, личноста на Searle која е во собата не е во позиција да изрази гледиште, исто како што соголениот хардвер на Von Neumann-ов компјутер нема свое мислење.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)