во (предл.) - половина (имн.)

Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јосиф за возврат сам од себе се наведна во половината кон неа со поглед полн разбирање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во основа имаше четири транспорти: кон крајот на јули 1949 година , во половината на септември и во октомври, во ноември и во декември.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега знам. Во половината на животниот просек смеата може да се пресече в грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со надеж на исцелител го подал рацете и исправен, и во тврдоста нечујно подвижен, зачекорил несовитлив во половината и во глуждовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)