во (предл.) - пораз (имн.)

Јас сепак претпочитам да сум овде, Помеѓу помирените со гласот на судбината, Помеѓу ослободените од честа Да го носат знакот на победници Помеѓу луѓето кои во поразите откриваат И своја вина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа заедничко чувство силно ги поврзуваше. Беше тоа заедничко победничко чувство во поразот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие стануваат верни, не избирајќи средства, низ војни, жртвувања, во остварувањето на имагинарната божја мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата вечна, неземска љубов, ете што нè чини - бескрајно отпорни, победници и во поразите пријателе мој!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја наследував татковата судбина - станував и јас на нов начин победник во поразите, низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Голема моќ е да умееш да бидеш губитник, победник во поразот, кој сам по себе ни го наложува трагизмот на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се враќав како губитник на земјата што ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)