во (предл.) - порок (имн.)

Се збунив и заклучив: Господ лекува, а ние самите преврзуваме...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаев, длабоко во себе чувствував дека е човек со големо срце, во многу моменти го покажа тоа, сакаше да дава, сакаше да направи за некого нешто, но истовремено многу уживаше во пороци, во работи кои прво треба да се заслужат, во пари кои прво треба да се заработат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше во најдобрите години, кога доблестите сè уште не почнале да се претвораат во пороци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)