во (предл.) - постоење (имн.)

- завреска Вадим здобивајќи се со грчеви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој не веруваше дури ни во постоењето на халуцинации; според тоа, не го беше видел она што - по негово мислење - не е можно да се види; тоа беше речиси шок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Основните тези, земени како номинални вредности, можат накратко да се сумираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никого не сакаме да го убедуваме во постоењето на Monty Cantsin, секој мора самиот да се увери во тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во нив се вели дека светот е множество факти, кои се состојат во постоењето на она што Германците го нарекуваат „Sachverhalten”, кое Огден го преведува како „atomic facts” (атомарни факти), а Пирс и МекГинис, можеби поточно „state of affairs” (состојби на работите).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова „благо“, речиси скриено додворување кон зборот е најбистрата проверка на сопствената мисла што поезијата ја очекувала да ѝ се јави како привидение во долгите затементи години на нејзиното непостоење, до појавувањето на македонската поезија во постоењето на другите поезии.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тој беше, повеќе утописки, а за некои дури и наивно, уверен во постоењето на некаков последен ментален мост кој ги поврзува двете страни, со цел да ги помири разликите помеѓу нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Макс ѝ го ветуваше на Добрата Душичка она што тој самиот некогаш посакувал животот да му го вети нему, ѝ ветуваше сосема обични нешта, нешта кои луѓето не си ги ветуваат затоа што тие се подразбираат во постоењето та за нив нема потреба од посакување, нема предуслов за копнеж, затоа што копнежот може да се роди само кон она што е тешко остварливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само не знаев дека неодреденоста и неограниченоста се моите најдобри пријатели, додека неформалноста ми е начин на опстојување без постојаност во постоењето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имале најбескрупулозна религија во постоењето на светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не беше лесно да се остане тоа што беше, да ја пронајде длабоката, внатрешна мерка во постоењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XI Во Париз од мостовите на Сена се наѕираше изгревот можеби на најубавиот ден во животот на Климент Камилски. Има денови во постоењето на човекот кои се како цел еден живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чувстуваше дека со помош на својата волја ја доведува таа друга сила во постоење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, уште еднаш се разминуваа животот и смртта во постоењето на нашето семејство... VI На Балканот не престанаа да се случуваат големи, според Татко, историски работи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Истовремено, сфатив дека чувството на увереност не се раѓа, или не мора да се раѓа, од статистиката, туку од еден едиствен „уверувачки” момент.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак ним може „да им дојде умот” со помош на психотропички (mind - changing) хемикалии. (...) Јас не бев преобратен, но се убедив во постоењето на паранормални случувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека додека ги изнесував моиве дилеми ова треперење на нејзините усни го претставуваше тој прв знак на сомневање во постоењето на тоа време кон кое се беше упатила нејзината помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, и таа се посомневала во постоењето на поголемо шаренило во љубовниот животот на нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зошто ѕурат во тоа чудовиште кога веќе не веруваат во постоењето на таков човек?“, го прашувам јас твојот татко Козакот Семјон но тој не ме слуша, или се прави дека не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина ја злоупотребуваше таа своја способност да се оддалечи од туѓите зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем самата Рајна ја упатила кон потребата од вакви потраги и испитувања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не верувам во постоењето на мојата душа на моите мисли и чувства како причини создадени за да ја пронајдат својата совршеност (тие веќе се совршени такви какви што се, од почетокот на нивното постоење во моето тело, исто така совршено со сите свои недостатоци и маани), зошто на крајот и така се ќе исчезне во апсолутното постоење на ништото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бев свесен дека во разликите во идентитетот, се криеше големата тајна во постоењето на сите уметности, во раскажувачката уметност посебно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Изненадувањето е многу поголемо кога во лицето на една старичка гледаш исчекување, а чекањето што е ако не е сигурност и неограничена надеж во постоењето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко ми се сомневаше во постоњето на реинкарнацијата, а мајка ми рече дека многу би сакала да верува дека е можно тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас почнав да верувам. Само така ми беше полесно да живеам без Мила. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)