во (предл.) - пот (имн.)

Го замислувам како лежи горе во гробот, како некој жив во пот го замислувам, легнат со нешто гломазно и тешко на градите. Балвани, надуени и тешки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, в пот се изоблеа ладна: Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, таа полумртва падна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се буди сиот растреперен и во пот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)