во (предл.) - поход (имн.)

2. Ги построи своите војници – штитови посјајни од оган, мечови што болскаа наспроти морето, им го раздели сето богатство на Македонија, го зеде мечот во десната, левата ја крена кон небото и тргна во походи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Пред неколку недели замина во поход со кра­лот, а вчера гласникот го најави неговото враќање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој спахија од Потковицата беше обврзан да вооружи еден коњаник и двајца пешооди, па така до Потковицата во поход на Маџарско заминаа дванаесет млади потурчени хрисијани, четворица коњаници и осуммина пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така и војската на Александар Македонски правела носејќи златни медалјони на гуша кога одела во походи...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Свесни за тоа, луѓето од Братството решиле сами да тргнат во поход против револуционерното движење, барајќи истомисленици и помошници во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога умрел Александар Македонски во походот на Индија, војската - за да го пренесе нераспаднат во татковината - го ставиле во буре со мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие, еднеците и доловите, (над кои, овде-онде, построени како мали војнички дружини во поход, се надвиснуваат врби и тополи) заедно со меѓите на нивните и бавчите, го раздробуваат дното на Потковицата и го прават тешко пристапно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)