во (предл.) - празник (имн.)

Од средината, пак, на јули, во неделните денови и во празниците, на коњ или пеша, главите на домаќинствата почнуваа да го обиколуваат полето; триејќи класје меѓу дланките, и, потем, долго џвакајќи ги солупените зрна и топејќи ги со плуканица утврдуваа дали е стасано за жетва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неделите и во празниците, кој кога ќе има време, да почнеме со кршење камен за општината и за училиштето, за црквата веќе имаме искршено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Последниве неколку дена децата на училиште само за тоа расправаа, се натпреваруваа во припомнувањето на лански случки од Прочка, а тој слушаше оџагорено и реши да учествува во празникот како сите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Работевме и во празници и во саботи до шест часот навечер.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таму се работеше дванаесет часа и се работеше секој ден, во недели и во празници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дежурството во здравствените установи се уредува со прописите од областа на здравството (чл. 118, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додатоците на платата, пак, се определуваат за посебните услови при работа, коишто произлегуваат од распоредот на работното време – и тоа за: работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно закон, продолжена работа, 222 работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж (чл. 106, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, така да ве видам али сте убави, та за во празник, кога се налицкате со белило и со црвило, тогај знам дека сте убави.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Неспокојството во Дончо се должеше на сѐ пореткото доаѓање на тетка Пелагија и Пела за која го убедуваа дека му е половина сестра, оти додека тој којзнае по колку пати го превртуваше стопанството, брегот на големата река, грмушките на каналот, од устата на својата мајка слушаше дека Пела и бабата Перса (а зошчо ја вика Стара Мајка?) ги посетувале црквите по градот, а во празниците со нив одела и тетка Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Набргу целата гора запеа и сончевото пролетно утро се претвори во празник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)