во (предл.) - пранга (имн.)

„Talk to me, Steve, you have such a beautiful voice. Tell me something about your country“, налактена на шанкот, полупијана, му рече девојката која се гордееше со тоа што нејзиниот прадедо со првите доселеници бил донесен во пранги од Шкотска.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Фатен и мачен бил и познатиот револуционер Т. Лазаров; окован во пранги во скопскиот затвор бил доведен Петар Попарсов; уапсен бил и Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Жеравот летал – нагонот го водел кон Нил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За да не се најде во пранги на мраз, јато жерави со крици се простило од мочуриштето во кое безгрижно го минало летото и се упатило кон југ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го вадиме и го редиме во прангии за да нукаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме поткренува како да сака да ме измери и вреска: - Од каде барут во прангите?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)